Ревијата евроголови во Лигата на Европа ја комплетираше Исмаила Сар (ВИДЕО)

Вечерва во Лигата на Европа во рамки на последното коло од групната фаза беа постигнати неколку прекрасни голови. Прво импресионираше погодокот на Мариос Стилиану од Аполон, а на тоа се надоврза и Мијат Гачиновиќ од Ајнтрахт Франкфурт. 

Серијата евроголови вечерва ја комплетира младиот талент на Рен, Исмаила Сар. Постигна фантастичен гол од далечина за да ја запечати победата од 2-0 на својот тим против Астана.