Потребни беа осум минути: Роналдо го даде првиот гол за Јувентус! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо веќе почна да погодува за Јувентус. Во неговото деби, во традиционалниот натпревар меѓу А и Б екипите на „Старата дама“, Португалецот го отвори резултатот за 1-0 на првиот тим. Мечот се игра во Вилар Пероси, предградие на Торино, а трибините, кои собираат 15.000 гледачи се полни докрај.