Поранешен УФЦ-борец нокаутираше двајца во ноќен клуб (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ-борец Мелвин Гулјард е во сериозна неволја со американските власти откако нокаутираше двајца пред ноќен клуб во Денвер. 

Неговата кариера во октагонот не заврши како што треба, односно беше во серија од осум порази во низа по што се откажа од спортот. Сепак, фрустрациите останале, бидејќи Гулјард почна да тепа и надвор од октагонот. 

Од засега непознати причини, тој нокаутираше двајца пред ноќен клуб во Денвер и бутна една девојка. Полицијата го идентификувала борецот преку сигурносните камери и за него е објавена потерница за апсење.