Официјално: Парма ќе го има најубавиот дрес во Серија А (ВИДЕО)

Парма денеска го промовираше третиот дрес за новата сезона во Серија А и изглеада фантастично.

Дресот е наречен „темниот феникс“, што ќе го симболизира издигнувањето од пепелта на клубот изминативе години. Парма поради банкрот беше исфрлена во најнизок ранг на натпреварување, но по пет години лани се врати во италијанската елита. Овој дрес треба да го симболизира токму тоа враќање на големата сцена.