Милан има нов мајстор за слободни удари (ВИДЕО)

Милан своевремено во тимот ги имаше најголемите мајстори на слободните удари Андреа Пирло, Роналдињо и Дејвид Бекам. Во последно време „росонерите“ ретко постигнуваат голови од слободен удар иако имаат солидни изведувачи во Џек Бонавентура, Сусо и Хакан Чалханоглу. 

Овие тројца во иднина веројатно ќе мора местото да му го препуштат на капитенот Леонардо Бонучи, кој на денешниот тренинг на Милан им покажа на соиграчите дека е мајстор за слободни удари.