Неверојатно: Иниеста со нова мајсторија во Јапонија (ВИДЕО)

Шпанскиот интернационалец Андрес Иниеста постигна уште едне погодок за новиот клуб Висел Кобе.

Поранешниот фудбалер на Барселона во 17. минута од натпреварот против Хирошима одлично помина неколку играчи и потоа мајсторски ја смести топката во противничката мрежа.