Навивачите на Марсеј покажаа колку им фалело финале - го запалија стадионот! (ВИДЕО)

Уште ги најавуваа фудбалерите кога стадионот „Групама“ во Лион се замагли од чад. Причина беше пиротехничкиот спектакл кој го подготвија навивачите на Олимпик Марсеј, очигледно гладни за ваква фудбалска возбуда. Нивниот омилен тим последно играше во финалето на Купот на УЕФА во 2004 година, а никогаш не го освоил.