На Меси му требаа три минути: Барселона води против Челси (ВИДЕО)

Барселона тргна фантастично против Челси на „Камп Ноу“ и по само три минути поведе со 1-0 благодарение на голот на Лионел Меси. 

Аргентинецот го скри проклетството против „сините“ со голот на „Стемфрод Бриџ“, а еве сега постигнува гол на втор натпревар по ред. За Меси ова беше 99-ти гол во Лигата на шампиони.