Моментот кога Мане го прати Нејмар - по бурек! (ВИДЕО)

Кога еден терен делат многу фудбалски ѕвезди очекувано е да има и невидени мајстории. Знаеме дека Нејмар не е некој фудбалер кој може да игра дефанзива, а тоа синоќа го искористи Садио Мане да му покаже некој трик на Бразилецот.

Фудбалерот на Ливерпул го измести Нејмар и го прати на сосема друга страна или жаргонски кажано, „го прати по бурек“. Иако паднаа пет голови и „црвените“ го совладаа ПСЖ со 3-2, ова веројатно беше потег на вечерта.