Мбапе сака да покаже што знае - како некогаш Роналдо (ВИДЕО)

Килијан Мбапе беше човек на одлука на Франција против Перу, откако го постигна единствениот и победнички гол. Неговата репрезентација се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство. 

Освен неговиот гол, остана запаметен и еден негов дриблинг во 13-тата минута од натпреварот. Според стилот потсетува на младиот Кристијано Роналдо, а тоа не е ни воопшто чудно поради фактот што токму Португалецот е идол на младиот Французин.