Лука Зидан со страшен пад ги преплаши сите на стадионот (ВИДЕО)

Младиот француски голман, Лука Зидан, доживеа страшен пад додека бранеше за Реал Мадрид Кастилја. Синот на легендарниот Зинедин Зидан, Лука во финишот на дуелот имаше една добра интервенција и прескокна противнички играч, а потоа незгодно падна на грб, но за среќа немаше потешки повреди.