Лудило на „Велодром“: За само девет минути веќе е „ГГ3+“! (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј против Лајпциг е највозбудливиот меч, засега, во реваншите од четвртфиналето во Лига Европа. По само девет минути игра на „Велодром“, резултатот е 3-1 за домаќините. Германците поведоа уште во втората минута преку Брума, а Марсеј експресно направи пресврт во шестата и деветтата. Блазе на оние обложувачи, кои уплатиле ливчиња со популарниот тип „гол-гол и три плус“. Првиот натпревар заврши со 1-0 за Лајпциг.