Кутињо го посрамоти Фелипе Луис - Нејмар падна во „несвест“ (ВИДЕО)

За време на фудбалските тренинзи има многу исмејување помеѓу фудбалерите, особено ако некој биде насамарен за време на „шева“ и топката му мине низ нозе.

На последниот тренинг на Бразил, Филипе Кутињо го посрамоти Фелипе Луис со фантастичен потег, а сите останати фудбалери се фатија за глава. Најдобра беше реакцијата на Нејмар, кој не можеше да поверува што се случи.