Куртоа се избламира, асистираше за гол за - Русите! (ВИДЕО)

Почнаа квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а меѓу првите голови е еден кој Тибо Куртоа ќе го памети засекогаш. Русија постигна гол среде Брисел за 1-1 во 16. минута, кога Куртоа, наместо да расчисти од шеснаесетникот, му додаде на Черишев, а овој реализираше на празна мрежа.