Костески како Чупиќ: Голот за победа на Македонија против Фарски Острови! (ВИДЕО)

Македонија ги совлада Фарски Острови со 30-29 и се пласира во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Победата беше заработена драматично, со гол во последната секунда, а го постигна Ненад Костески. Погодокот неодоливо потестува на оној на Иван Чупиќ, против ПСЖ, со кој Вардар стана шампион на Европа во јуни 2017. Чупиќ тогаш доби топка од првиот играч до себе, Душебаев, а сега Костески беше проигран од среден бек, Џигероски.