Грифин му ја акна топката од глава на Шрудер (ВИДЕО)

Детроит имаше тешка вечер против Атланта во НБА-лигата и на крајот го загуби натпреварот со 118-115. Еден момент го одбележа дуелот, а тоа е техничката грешка што ја заработи Блејк Грифин.

Кошаркарот на Пистонс наместо да му ја фрли топката на судијата, го удри Денис Шрудер во глава. Грифин веднаш се извини, но тоа не го спаси од техничка грешка. Се правдаше дека било случајно, но на снимката дефинитивно не изгледа така.