Го удри со копачка во лице, па си доби жестока казна (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Холандија го суспендираше напаѓачот на Спарта Ротердам, Михаил Крамер на седум натпревари.

Крамер со копачка намерно го удри дефанзивецот на Витесе, Александер Битнер, кој од 2012. до 2014. година беше фудбалер на Манчестер јунајтед, па поради тоа доби директен црвен картон.