Двајца тинејџери го посрамотија Модриќ на тренинг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид вредно работат на подготовките за новата сезона, а на екипата пред неколку дена се приклучија играчи кои имаа подолг одмор.

На тренинзите на „кралскиот клуб“ се приклучи и Лука Модриќ, кој поради настапите на Мундијалот во Русија имаше неколку дена повеќе одмор од останатите. Меѓутоа, Хрватот не се покажа на почетокот на подготовките.

Во центар на внимание беа тинејџерите Винисиус Жуниор и Мартин Одегард, кои си поиграа во неколку потези со Хрватот.