Додека е жив треба да жали: Стерлинг го промаши невозможното! (ВИДЕО)

Рахим Стерлинг имаше едно од најголемите промашувања сезонава. При водство од 1-0 против Барнли, доби топка од денсно и требаше само од петерецот да ја стопира и да ѝ го смени правецот во празната мрежа, но успеа да ја исфрли надвор од голот. Подоцна Барнли изедначи, 1-1 остана конечен резултат па Стерлинг со право може да се смета за трагичар на мечот.