Добро е што не се самоуби: Бразилец тргна да слави гол и – скокна во дупка од 3 метри (ВИДЕО)

Бразилецот Андерсон Лопез имаше деби од соништата пред навивачите на Сапоро, зашто даде четири гола во убедливиот триумф со 5-2 против Шимицу. Но, ќе го паметат сите најмногу за прославата на голот, неговиот прв во серијата, зашто самиот се искрши по радоста за погодокот.

Лопез даде гол од пенал, во тој момент за водство од 2-1 и тргна да се радува, па ги прескокна рекламите зад голот, само не знаеше дека скока во дупка од три метри, а не прескокнува само реклами. Соиграчите и навивачите пребледеа кога скокна, а потоа само гледаа како легнат му се укажува лекарска помош.

За среќа Лопез мина без посериозна повреда, па се врати на теренот и даде уште три гола.