Да ви застане здивот: Бруно „базука“ Фернандеш постигна гол-убиец! (ВИДЕО)

Екипата на Стефан Ристовски, Спортинг, води веќе со 3-1 против Астана, а вториот од трите гола беше ремек-дело на Бруно Фернандеш. Малку требаше на социјалните мрежи да го наречат базука и да пласираат монтирани фотографии, се во интерес на тоа да се велича неговиот проектил. Со ваков шут и подобро голманот што не беше на патот на топката.