Да постигнете голчиште од 25 метри и притоа да паднете - е тоа не се гледа секој ден! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид води со 1-0 против Локомотив Москва, балгодарение на еден необичен гол. Саул Нигез постигна страшен погодок од преку 25 метри, но притоа се лизна. Топката сепак стигна каде што беше упатена, а ова стана еден од најкомичните и најатрактивните голови истовремено.