Блокада ли е, смеч ли е: Кошаркар на Звезда ја подели најкрвничката „банана“ сезонава! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена звезда водат по првото полувреме од вечерашниот трет финален меч од АБА-лигата против Будуќност (47-42), во меч кој се игра во Подгорица и кој досега носи фантастична кошарка. Убедливо најатрактивниот момент беше крвничката блокада на Огњен Добриќ направена по контранапад на Суад Шеховиќ, за кој веќе сите мислеа дека ќе заврши со сигурна реализација. Но, така не мислеше бекот на црвено-белите, кој со одбојкарски смеч ја испрати топката дури на трибини. Уживајте!