Баутиста Агут крајно несмасен: Детето што собира топчиња си доби едно во главата! (ВИДЕО)

Роберто Баутиста Агут загуби од Давид Гофан со 6-4, 7-5 во осминафиналето на мастерсот во Монте Карло и затоа сфатливо е зошто имаше повод за нервоза. Меѓутоа, не мораше да ја истура кога и како ќе му текне, зашто настрада едно од децата кои собирааат топчиња. По еден загубен свој сервис, Агут удри едно топче неконтролирано и го погоди детето во главата. За среќа ударот не беше силен, а тој помина само со опомена, без да биде директно дисквалификуван.