Балотели се прошета низ шеснаесетникот и го матираше Марсеј! (ВИДЕО)

Во дербито во Франција, Ница го предизвика Марсеј како гостин, поведувајќи уште рано, со голот на Марио Балотели. Италијанецот мина неколку противнички фудбалери во шеснаесетникот и на прекрасен начин ја затресе мрежата. Неколку минути подоцна и Марсеј реализираше, па резултатот дојде до 1-1 по само 15-тина минути игра.