Асенсио го испрати Де Роси во пензија и Пелегрини во градинка (ВИДЕО)

Марко Асенсио е фудбалски мајстор и тоа го покажа најдобро во дуелот против Рома со неговиот феноменален потег со кој ги посрамоти Даниеле Де Роси и Лоренцо Пелегрини.

Тој во игра влезе во второто полувреме и направи вистинска магија, која уште долго ќе се повторува, а доколку постигнеше и гол, тоа ќе беше еден од најубавите.