Алиоски со глава - како со нога: Гол за да му го загорчи животот на Лампард! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра прекрасен натпревар за Лидс во победата на гости кај Дерби Каунти, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Во 64. минута популарниот Џани реагираше како шпиц, со скок наназад ја зафати топката со глава од десетина метри и ја закова во мрежата небаре шутира со нога. Ова беше погодок за водство од 4-1, а претходно, му асистираше на Руф, во првиот дел, за предност на Лидс од 2-1. Нема по добро да го памти новиот тренер на Дерби, славниот Френк Лампард.