Ако прогласувате промашување на годината - еве го! (ВИДЕО)

Годинава имаше неколку срамни промашувања, на кои не знаете дали да плачете, дали да се смеете, а ризницата вечерва ја збогати Мет Ричи од Њукасл. Играчот за врска се најде во шанса за каква што се сонува. Топката дојде до него на метар-два од голот на Барнли и тој успеа да го утне голот. Среќа негова што резултатот беше 2-1 за Њукасл, иако на гости, а остана така и до крајот.