28.000 навивачи на тренинг на Галатасарај пред дербито со Фенербахче (ВИДЕО)

Турските навивачи се едни од најстраствените во светот, а тоа уште еднаш го покажаа приврзаниците на Галатасарај. Дури 28.000 навивачи денеска беа на тренингот на Галата на „Турк Телеком“ арената за да им дадат подршка на фудбалерите пред утрешното големо истанбулско дерби против Фенербахче.