Поставен нов светски рекорд на Мундијалот во Русија!

Голманот на Египет, Есам Ел-Хадари, кој има 45 години и 161 ден е најстариот фудбалер што настапил на еден натпревар на Светско првенство. Тој денеска е во почетниот состав на својата репрезентација за дуелот од 3.коло против Саудиска Арабија во рамки на Групата А. 

Претходниот рекорд го држеше Фарид Мондрагон од Колумбија, кој играше на Светско првенство со 43 години и три дена. 

Ел-Хадари дебитирал за репрезентацијата на Египет во далечната 1996 година и денеска ова му е 153 настап во дресот со националниот грб.

Она што е најинтересно е фактот дека египетскиот голман е постар од дури тројца селектори на Светското првенство. Тој е 179 дена постар од Роберто Мартинез (Белгија), 413 дена постар од Младен Крстајиќ (Србија) и од Алиу Сисе (Сенегал) од кого е постар за 1.164 дена.