Заврши тренерскиот „мултитаскинг“ на Владо Глигоров во Либан

Македонскиот ракометен тренер, Владимир Глигоров, го заврши тренерскиот ангажман во Либан.

Соработката со јуниорската ракометанта репрезентација на Либан завршила пред време. Како што информира Глигоров, имале различен поглед за начинот на работење со раководните лица. 

„Се вратив од Либан порано од предвиденото бидејќи ја раскинав соработката поради преголемото мешање во мојата работа од страна на председателот на федерацијата а воедно и претседател на клубот“, вели Глигоров.

Тој имаше неколку функции во Либан. Уште лани есента ги презеде машката и женската екипа на Ал-Садака и со нив бргу ги освои пехарите во Купот на Либан. Во ноември ја презеде и женската сениорска репрезентација, а на почетокот на летово се договорија да ја предводи и машката јуниорска селекција во квалификациите за СП за играчи до 21 година.

Следно на неговата агенда е работа со две младински екипи од Турција, а не е исклучено во новата сезона да седне и на клупата на некој клуб.