Во Вардар не се изнаигра и си замина, па сега е на проба во - Фленсбург!

Доскорешниот пикер на Вардар, Русинот Сергеј Горпишин, кој лани дојде кај црвено-црните, но не се изнаигра и си замина летово во новата реконструкција на европскиот првак, во моментов е на проба кај германскиот бундеслигашки гигант Фленсбург.

Горпишин доаѓа на германско-данската граница како опција за пикерската позиција поради тешката повреда на Јоханес Гол, германскиот пикер по што управата морала да најде друго име за да се засили таа позиција како шампионот од 2018 и 2019 година.

Горпишин веќе има искуство од играње во Германија, зашто пред да дојде во Вардар две години од 2017 до 2019 беше дел од Ерланген. Инаку Сергеј Горпишин е син на олимпискиот првак со Русија од Сиднеј 2000 година, Вјачеслав.