Викнал „БОМБА“ пред летот за Македонија и - го уапсиле!

Селекторот на Шведска, Портус Вард Виклунд нема да ја води кадетската селекција на претстојното Светско ракометно првенство кое се одржува во Македонија од ниведена бизарна глупост која ја направил.

Како што објавуваат шведски и дански медиуми, Виклунд бил уапсен во Копенхаген, на аеродромот Каструп на пат со репрезентацијата кон Македонија поради лоша шега со граничната полиција, откако им рекол дека во багажот носи бомба, што веднаш го вклучило „алармот“ на аеродромот и тој бил во момент блокиран.

Шведскиот селектор веднаш бил уапсен, а на распитот посочил дека се шегувал. За несмасната и бизарна шега, федерацијата го суспендирала, па тој наместо на СП во Скопје, ќе си седи дома.

„Секако дека реагиравме веднаш, тој е суспендиран од работа, а за нас најважно е што остатокот од тимот може слободно да патува. Портус е суспендиран до следната одлука, но без оглед на сѐ, не е во ред да се прават такви шеги“, рекле од шведската федерација.

Инаку данската полиција веднаш го проверила багажот и сфатила дека е шега и дека никаква бомба не носи Виклунд.

„Моравме сериозно да ја сфатиме ситуацијата, кога некој ќе каже дека носи бомба. Тоа е очајна идеја за шега. После проверките на багажот не најдовме бомба, па по еден час терминалот продолжи да работи“, рекле од аеродромот во Копенхаген.

Шведска утре против Исланд го игра првиот меч на СП.