Вардарецот Шишкарев ја водеше Русија до убедлива победа над Кореја

Русија ја запиша првата победа на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, откако денеска ја совлада Кореја со 34-27.

Кореја го постигна првиот гол на мечот и тоа беше единствено водство за нив бидејќи во продолжение Русите направија пресврт и постојано ја зголемуваа предност. Најпрво на три гола предност (6-3), а потоа порасна и до осум гола предност (17-9). Сепак, на полувреме Русија замина со предност од 20-13.

Во второто полувреме беше забележан подобар старт на Русите, кои стигнаа и до +10 (30-20), но сепак до крајот на дуелот Кореја намали на 27-34.

Ракометарот на Вардар, Данил Шишкарев ја предводеше Русија до триумф со своите седум погодоци, Тимур Дибиров постигна три, а Глеб Калараш постигна два гола.