Вардар ќе мора преку Кил ако сака финале на Супер глоуб

На крајот на месецов, Вардар вторпат досега во своето постоење ќе учествува на Супер глоуб, неофицијалното клупско Светско првенство во ракомет. Познат е распоредот на натпреварите, според кој, црвено-црните ќе налетаат на Кил.

Како шампион на Европа, Вардар има повластена улога на Супер глоуб и нема да игра квалификации и затоа ќе го чека својот противник за четвртфиналето. Ќе го добие од двомечот меѓу Њујорк од САД и Ал Мудхар од Саудиска Арабија. 

Со оглед дека е очигледен фаворит против кого било од тие два клуба, се очекува лесно да се пласира во полуфиналето, а таму, најверојатно, го чека судир со Кил. „Зебрите“, кои учествуваат на турниров со посебна покана, т.н. „вајлд-карта“, мораат да почнат од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Сиднеј. По истата логика на голем фаворит, би го поминале него, како и египетски Замалек во четврт-финалето.

Во втората половина од шемата, фаворит е Барселона, која во четвртфиналето ќе игра со катарски Ал-Духаил, а во полуфиналето со подобриот од Aл-Вехда од Саудиска Арабија и бразилски Таубате.

Натпреварите почнуваат на 27 август, а финалето е на 31.

 

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Вардар - Њујорк/Ал-Мудхар

Кил/Сиднеј - Замалек

Барселона - Ал-Духаил

Ал-Вехда - Таубате