Уште еден од шампионската генерација и официјално го напушти Вардар!

Рускиот пивот Глеб Калараш и официјално си замина од Вардар. Калараш го комплетираше трансферот во украинскиот Мотор Запорожје. Ова ќе биде негово враќање во овој клуб за кој со успех настапуваше од 2015 до 2017 година.

Калараш имаше клучна улога во дефанзивата на Вардар и по една година си заминува од Скопје. Тој пред неколку недели го запиша најголемиот успех во кариерата кога со црвено-црните ја освоија Лигата на шампионите.

Русинот изрази желба да остане во скопскиот клуб, но договорот со Мотор веќе беше потпиша и денеска официјално беше претсавен во овој клуб.