Томовски подобар од Кузмановски: Лудвигсхавен направи чекор кон опстанок

Лудвигсхафен и Мартин Томовски го добија македонското дерби во Бундеслигата со 28-25 на гостувањето кај Хановер за кој игра Филип Кузмановски. 

Нашиот репрезентативен голман беше меѓу стативите 48 минути и запиша шест интервенции. Кузмановски на спротивната страна реализираше само еднаш во голот на Томовски, но запиша и две интервенции.

Овој натпревар беше од заостанатото 23.коло, а Хановер по 29 одиграни натпревари има 25 бодови на 14.место на табелата во Бундеслигата. Лудвигсхафен и натаму е во опасната зона на 17.место со 19 бодови.