Слика која го обиколи светот: Египетски ракометар ѝ ги бакнува нозете на својата мајка (ФОТО)

Египетскиот репрезентативец Мохамед Мамдух Шабах направи потег на кој се воодушеви целиот свет, откако фотографијата после освојувањето на африканското првенство стана вирален хит, на која тој ѝ ги бакнува нозете на својата мајка, која беше во гледалиштето.

Мајката на Шабах, инаку пивот на романски Динамо Букурешт беше во гледалиштето на првенството во Тунис, каде Египет, инаку предводен од бившиот вардаров тренер Роберто Парондо славеше со 27-23 во финалниот меч.

Сликата кажува многу повеќе и од илјада збора, а пред сè почитта кон родителите, особено откако Мохамед лани го загубил својот татко.