Скандал: Руски јуниори местеле натпревари со помош на тим за обложување!

Рускиот ракометен сојуз почна постапка против својата јуниорска репрезентација затоа што се сомнева дека наместиле натпревар на Европското првенство кое се играше во Хрватска.

Под истрага се осум членови на репрезентацијата до 19 години, а сомнеж предизвика дуелот против Австрија.

Русите го загубија првиот меч од Австрија во групната фаза со 19-36, а потоа во следниот дуел ја растурија со седум голови разлика.

„Група ракометари и дел од тим за обложување се здружиле во текот на турнирот, а дел од ракометарите добиле информација како треба натпреварот да заврши. Играчите го направија тоа, а за возврат добија многу пари. Не сакаме сите членови да бидат погодени со овој настап, па затоа само дел од нив ќе бидат суспендирани“, соопштија од ракометниот сојуз.