Шведска го доби скандинавското дерби против Данска

Шведска славеше во големото дерби против Данска со 33-30, откако Данците решија да ги штедат силите бидејќи веќе го обезбедија првото место во групата.

Швеѓаните го контролираа мечот уште во првото полувреме во кое стигнаа до максимални шест гола разлика во завршницата на првите 30 минути, по што Данска почна да се буди во вториот дел.

Данците намалија на два гола негатива (21-23), но Шведска не им дозволи на ривалите да се спуштат и под таа разлика, па на крајот Швеѓаните триумфираа со 33-30.

Најефикасни кај Шведска беа Карлсбогарт и Сандел со по шест погодоци, додека Гидсел постигна пет гола за Данска.