Селекторот го елиминираше капитенот: ПСЖ подобар од Нант

Екипата на ПСЖ се пласираше во полуфиналето на ракометниот Лига Куп во Франција по победата од 34-30 против Нант. 

Во дуелот Раул Гонзалес и Кире Лазаров, дуелот го доби селекторот на Македонија. Лазаров постигна два гола од четири обиди. Најдобар на теренот беше Норвежанецот, Сандер Сагосен, кој ги предводеше парижаните со девет голови.

Најефикасен во таборот на Нант беше Оливие Нјокас со шест голови. Еден од клучните во победата на ПСЖ беше голманот Тјери Омејер со 12 одбрани.

Овие две екипи за една недела повторно ќе ги одмерат силите, но во рамки на француското првенство.