Ракометарите на Боливија се антиталенти - дадоа само еден гол за 60 минути!

Во Бразил трае првенството на Јужна и средна Америка во ракомет, а воедно служи и како квалификации за Светското првенство во 2021 година во Египет.

Репрезентацијата на Боливија дефинитивно не е доволно добра за ракомет, па најпрво нивните ракометари загубија со 7-82 од Аргентина, па потоа од Бразил со 9-77 и на крајот од Уругвај со неверојатни 1-55.

Ракометарите на Боливија се аматери во ракомет, а едвај успеаа да постигнат и еден гол против Уругвај, додека во следното коло Боливија игра против Парагвај во петок.