Ракомет на ЛОИ 2024 во Париз ќе се игра на – Роланд Гарос?!

Откако жестоко удри коронавирусот во светот, па годинава ги одложи сите големи спортски настани, од Европското првенство во фудбал до Летните Олимписки игри во Токио, кои се презакажани за идното лето, допрва ефектот од пандемијата во спортот ќе се почувствува на финансиски план, а организаторите на следните Игри во Париз во 2024 година веќе го скратија буџетот за десет отсто.

Тоа значи дека организацискиот одбор на Париз 2024 добиле буџет од 400 милиони евра и плус да направат помал број на спортски борилишта за да се заштеди на трошоци за непотребна изградба на нови, па за дел од спортовите ќе се бараат алтернативни решенија и плус спортистите во помал простор да се движат.

Па така, прв план е да се „селат“ ракометарите, односно тие своите мечеви на ракометниот олимписки турнир наместо да ги играат во нова сала, ќе ги играат на Роланд Гарос.

Според најавите, централниот стадион Филип Шатрие ќе се реконструира и ќе може да прими до 15.000 гледачи, па таму ќе може да се игра ракомет. Плус на стадионот му е додаден веќе подвижен кров, а овој месец ќе биде тестиран, кога ќе се игра презакажаниот гренслем, кој беше одложен поради пандемијата со ковид-19.

Тенисерите и тенисерките, ако ова се оствари, своите мечеви на олимпискиот турнир би ги играче на „Сузан Ленглен“.