ПСЖ му го продолжи договорот на Омејер на уште една година

Тјери Омејер ќе се пензионира по завршувањето на сезоната 2018/2019 година. ПСЖ денеска објави дека голманот ќе брани уште една сезона на голот, а потоа ќе се приклучи во управата на клубот.

Првичниот негов договор истекуваше на крајот на оваа сеозна, но Омереј одлучил да ја помести пензијата за една година. 

„Откако дојдов во клубот во 2014 година можам да кажам дека многу сум среќен тука. Уживам секој ден и се чувствувам одлично физички. Немаше причина да ја прекинам оваа убава приказна. Клубот ми дава шанса и да се развивам по ракометната кариера со тоа што ќе му се приклучам на раководството“, изјави Омејер.

Со овој клуб голанот освои три шампионски титули во Франција, еден Куп и еден Лига Куп, како и три титули во францускиот Суперкуп.