Проблеми за Червар: Стомачен вирус во хрватската репрезентација

Хрватска денеска од 18 часот игра против Аргентина во клучен натпревар за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Египет. Со победа „коцкестите“ ќе го заверат местото помеѓу најдобрите осум репрезетации на турнирот. 

Сепак, работите не се идеални за селекторот Лино Червар, кој на овој натпревар нема да може да смета на еден од лидерите Домагој Дувњак и на најпријатното изненадување во таборот на Хрватите, Иван Мартиновиќ.

Двајцата имаат стомачен вирус и се надвор од комбинација за настап. Имало и други кои се пожалиле на вирусот, но тие ќе бидат во тимот. Дувњак и Мартиновиќ веднаш биле тестирани и на Ковид-19, но двајцата биле негативни.