Познати се четвртфиналните двојки на СП во Египет

Вечерва заврши главната фаза на Светското ракометно првенство во Египет по што познати се сите осум репрезентации кои ќе играат во четвртфиналето. 

Домаќинот Египет ќе ги одмери силите актуелниот светски првак Данска, додека Катар во борба за полуфиналето ќе игра против Шведска. Шпанија против Норвешка можеби е најинтересната двојка во четвртфиналето, а Франција ќе се соочи со Унгарија. 

Четвртфиналните дуели се играат на 27 јануари, полуфиналињата се два дена подоцна, додека големото финали и натпреварот за третото место се играат во недела на 31 јануари.