Ракометарите на Порто синоќа ја освоија шампионската титула во португалскиот ракометен шампионат по победата над Агуас Сантас со 35-32. Никола Митревски и соиграчите го прославија 22-тиот шампионски пехар во клупската историја. 

Емоциите беа измешани, имаше и голема радост, но и по некоја солза поради смртта на голманот Алфредо Кинтана. Португалскиот репрезентативец почина откако заработи срцев удар за време на тренинг пред неколку месеци. Ракометарите на Порто титулата му ја посветија нему.