Поранешниот тренер на Вардар прими 50 гола од Барселона!

Поранешниот тренер на македонскиот ракометен првак Давид Писонеро, кој после заминувањето од Скопје седна на клупата на шпански Валјадолид, доживеа невиден дебакл со својот тим од каталонската гордост Барселона, откако загуби со неговиот тим со дури 26 разлика, примајќи притоа 50 гола.

Барселона го распарчи Валјадолид со 50-24 за да му го нанесе вториот пораз во новата сезона во шпанската АСОБАЛ-лига, а Блаж Јанц и екс-вардарецот Лука Циндриќ беа најефикасни на мечот, постигнувајќи заедно 14 гола (по седум), а Дика Мем даде шест гола за победничкиот тим.

Стартот на мечот не навестуваше дека Барселона до толку ќе ја демолира четата на Писонеро, откако гостите се држеа на гол негатива (6-7) и потоа им се случи катаклизма. Барса направи серија 7-1 до средина на првиот дел и со тоа играта на Валјадолид се распадна, а разликата потоа само се зголемуваше до убедливи плус 26 за Каталонците.