Поранешен тренер на ЖРК Вардар ќе стане селектор на Србија!?

Србија уште бара селектор за ракометната селекција по оставката на Ненан Перуничиќ, по дебаклот на Европското првенство.

Српските медиуми пишуваат дека Перуничиќ би можел да биде заменет од Давид Дејвис, поранешен тренер на ЖРК Вардар и стратег на Веспрем.

„Вистина е, разговаравме со луѓе од ракометниот сојуз на Србија и јас сум еден од кандидатите за селекторско место на вашата репрезентација“, откри Дејвис за српските медиуми.