Парондо со Египет го освои Африканскиот шампионат

Поранешниот тренер на европскиот шампион Вардар, Роберто Парондо успеа да го освои Африканскиот шампионат со Египет, откако во финалето го совлада Тунис со 27-23.

Египет имаше добар старт на мечот против Тунис, па уште по првото полувреме беше јасно дека ќе бидат блиску до златниот медал, откако на паузата заминаа со 15-11.

Во второто полувреме повторно се водеше голема битка на теренот меѓу двете селекции, но избраниците на Парондо успеаа да ја одржат предноста до крајот и да триумфираат со 27-23.

Во финишот од мечот се случи и мал прекин бидејќи навивачите фрлаа предмети на теренот.